Инфопроект со решение за микро, малите и средни претпријатија

Bez autora
Dec 15 2011

ИТ компанијата "Инфопроект" го презентираше првиот бизнис-софтвер во Македонија базиран на cloud технологија, наречен "Бизнис херој". Софтверскиот систем е наменет за широка употреба и може да го користат микро, малите и средни претпријатија во земјава, бидејќи овозможува лесен пристап, управување и интеграција на сите активности и ресурси на компанијата преку интернет. "Бизнис херој" може да се користи за продажба, прием на стоки, сметководство, производство, планирање, менаџирање на човечки ресурси итн. Софтверот "Бизнис херој" е особено корисен бидејќи ги намалува трошоците на фирмите при нивното работење. Годишниот трошок за двајца корисници на овој систем би изнесувал најмногу 100 евра. За споредба, цената за посебен компјутер на кој ќе бидат сместени сите бизнис податоци, лиценците, апликативниот софтвер, интерната мрежа, сметките за струја и ИТ експертите кои би ја работеле истата работа како и софтверот чинат и до 40 пати повеќе.

Инфопроект со решение за микро, малите и средни претпријатијаИТ компанијата "Инфопроект" го презентираше првиот бизнис-софтвер во Македонија базиран на cloud технологија, наречен "Бизнис херој".

Софтверскиот систем е наменет за широка употреба и може да го користат микро, малите и средни претпријатија во земјава, бидејќи овозможува лесен пристап, управување и интеграција на сите активности и ресурси на компанијата преку интернет. "Бизнис херој" може да се користи за продажба, прием на стоки, сметководство, производство, планирање, менаџирање на човечки ресурси итн.

- Софтверот "Бизнис херој" е особено корисен бидејќи ги намалува трошоците на фирмите при нивното работење. Годишниот трошок за двајца корисници на овој систем би изнесувал најмногу 100 евра. За споредба, цената за посебен компјутер на кој ќе бидат сместени сите бизнис податоци, лиценците, апликативниот софтвер, интерната мрежа, сметките за струја и ИТ експертите кои би ја работеле истата работа како и софтверот чинат и до 40 пати повеќе. Со "Бизнис херој" фирмите ќе работат далеку поекономично, а со тоа се и попрофитабилни. Бидејќи базата на софтверот е сместена на сервер достапен преку интернет, бизнисмените ќе може да пристапат до своите податоци и да вршат продажба, прием на стоки, исплата, сметководство итн. од било каде и во било кое време. Пожарите, поплавите, кражбите, хакерските упади и слично не му можат ништо на овој софтвер. Тој е заштитен од сите потенцијални опасности кои ги демнат компаниските архиви. Податоците се сигурни исто како во банкарски сеф - рече директорот на "Инфопроект", Ванчо Орданоски.

Во светот, повеќето мали, средни и големи компании веќе користат вакви софтверски сервиси за да управуваат со различните аспекти на нивните бизниси. Со воведувањето на "Бизнис херој", Македонија ќе им се приклучи на останатите современи држави, фаќајќи чекор со модерната технологија и станувајќи дел од напредната ИТ заедница во светот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik